„Сепак, ние ги охрабруваме нашите соседи да продолжиме да работиме заедно за да се најде заемно прифатливо име со географска или временска одредница, како што е предложено од страна на специјалниот пратеник на ОН, Метју Нимиц“, се вели во соопштението на грчката влада.
Денеска грчкиот премиер ги информираше лидерите и со шефот на грчката држава, кој го отфрли предлогот затоа што, наводно, имал територијални претензии кон грчка територија. И грчката опозиција го одби овој предлог.
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека со предлогот Република Илинденска Македонија се прави целосно разграничување со регионот Македонија во Грција.
„Разграничување од секој аспект. Илинденското востание е заедничка борба на нашиот мултиетнички народ за социјални права и слободи. И нема никакви територијални аспирации кон ниту една соседна земја, вклучително и Грција“, рече Заев.