Екипата на Пелистер ангажира уште едно засилување од Бразил. Денеска новото засилување од земјата на фудбалот, Бразил, отпатува со екипата на Пелистер на подготовки во Банско.
Според информациите од канцеларијата на Пелистер се работи за навален фудбалер, кој ќе го засили нападот.
Засега не се соопштува колку време ќе остане во Пелистер Бразилецот.
Но од Пелистер велат дека тој доколку ги задоволи барањата на Шенсои ќе биде ангажиран за настапот на Пелистер во квалификациите од Лигата на Европа.