Don't Miss
Home / Uncategorized / Уште еден уапсен за тепањето на Села

Уште еден уапсен за тепањето на Села

Вечерва уште еден уапсен за собраниските настани од 27 април. Станува збор едно од лицата за кое утринава МВР побара информации од јавноста – да се помогне во нивното пронаоѓање. Најверојатно се работи за дело кое не е поврзано директно со обидот за убиство врз пратеникот Зијадин Села, туку за друго кривично дело. Од МВР велат дека не соопштуваат информации бидејќи истрагата е во тек.

Утрото пак беа приведени пет лица за нападот на пратеникот Села. Дел од нив се наоѓаат обвинителство, а дел се изведени пред судија. Дали овие чекори на обвинителството ќе го стегнат обрачот и околу главните сценаристи на Крвавиот четврток, останува отворено прашање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*