Помладите пионери на фудбалскиот клуб Пелистер родени 2001 година деновиве беа на фудбалски турнир во Варна, Бугарија.
Турнирот беше во организација на бугарското министерство за спорт, а покрај Пелистер како претставник на Македонија учествуваа и екипи од таа возраст од Бугарија, Украина, Србија, Молдавија и Романија.
Турнирот се игра во категоријата мини фудбал, а тренерот на ова генерација млади фудбалери, Димитар Капинковски во Варна поведе десет фудбалери.
С.Р.