Home / Спорт / Финале куп на Македонија во женски фудбал: Топ гол не дојде до првиот трофеј

Финале куп на Македонија во женски фудбал: Топ гол не дојде до првиот трофеј

Топ гол – Драгон 0:4 (0:0)

Првото финале од Купот за екипата на женскиот фудбалски клуб Топ гол не им ја донесе и првата титула.

Имено,  на стадионот на ФФМ Петар Милошевски фудбалерките на Топ гол не издржаа во борбата со далеку поискусната екипа на шампионот Драгон.

Издржаа 66 минути, за на крајот да доживеат пораз кој според играта не одговара на резултатот.

-Започнавме добро и имавме и две шанси за гол во првото полувреме, но младите и неис-кусни фудбалерки не погодија. Второто полувреме започна со ист ритам, но до 66 минута издржавме не само да се одбраниме туку да бидеме и рамноправен противник. По голот во 66 минута имавме и шанса резултатски да се вратиме, но повторно не погодивме, а нашата отворена игра противничките ја казнија со уште три гола. Морам да ги пофалам девојките кои настапија и покажаа дека и со 13, 14 и 15 години се носеа одлично со далеку поискусните фудбалерки на Драгон, вели Кире Грбевски тренер на Топ гол.

До крајот на сезоната има уште три кола, а екипата на Топ гол, која е најмлада во лигата ќе остане на третото место.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*