Don't Miss
Home / Македонија / Успешна акцијата за солидарност со новинарите на Фокус

Успешна акцијата за солидарност со новинарите на Фокус

За помалку од десет дена, Здружението на новинари на Македонија преку акцијата за солидарен фонд успеа да собере најголем дел од потребните 9 илјади евра колку што новинарите на весникот Фокус треба да му исплатат на директорот на УБК  за нанесена нематеријална штета.

На новинарите Јадранка Костова и Владо Апостолов, Апелациониот суд им пресуди дека треба да исплатат 9.300 евра за клевета и судски трошоци во спорот против Мијалков.

-Ова е успех на новинарите и ЗНМ, бидејќи се покажа дека зајакнува солидарноста меѓу новинарите и втората причина е тоа што зад новинарите застана македонската демократска јавност.Успехот е силна порака дека новинарите нема да се скршат лесно со закани. Денеска сме обидените околу новинарите до Фокус, утре ќе се обединиме со секој на кој ќе му биде потребна нашата поддршка, изјави на денешната прес – конференција претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

Уредничката на Фокус, Јадранка Костова вели дека иако мнозинството медиуми не ја објавиле веста, акцијата се покажала успешна благодарение граѓаните и солидарните колеги.

-Особено сум задоволна што најголем дел од средствата се собраа, иако мнозинство медиуми не ја ни објавија веста за казната уште помалку апелот за отварање на солидарниот фонд, изјави Костова.

Акцијата на ЗНМ трае до понеделник. Сите солидарни граѓани кои се во можност да донираат за Фокус да ја собере целосната сума може да уплатат парични средства на следнава жиро сметка:

ЗНМ Солидарен Фонд: 300000003296484

Комерцијална банка

Цел на дознака: Донација за новинарите на Фокус

 

 

Извор:  НОВА ТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*