Don't Miss
Home / Вести / Утре јавниот сектор во Битола штрајкува

Утре јавниот сектор во Битола штрајкува

Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Согласно одлуката за генерален штрајк утре во Битола јавниот секторнема да работи.

Тоа значи дека нема да работаат вработените во јавните препријатија, општинската администрација, судовите…

На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.

-Работниците беа сведоци на срамно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство членови на Комисијата за финансирање и буџет кои најостро се спротиставија на предлог-амандманот на ССМ кој предвидуваше средства во буџетот за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари, велат од ССМ.

Не е добро, додаваат од Синдикатот, да не си на страната на работниците, кои воедно се и гласачи.

-Гласот против работниците е уште еден глас против политичката партија која ја претставуваш и уште еден глас за генерален штрајк кој поради овие седум пратеници од владеачкото мнозинство започнува утре, потенцираат од ССМ. Денеска работниците ве молеа, утре ќе ги молите, се вели во соопштението од ССМ по неприфаќањето на нивниот амандман.

Од Сојузот на синдикати на Македонија појаснуваат дека согласно правилата за време на генералниот штрајк ќе обезбедат расположив капацитет од 10 проценти од вработените во овој сектор.

Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ на седница што се одржа на 17 јуни утврди правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

ССМ, нагласуваат оттаму, имајќи предвид дека води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи), на денешната седница, Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ утврди правила за производно одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.

Според ССМ, минимум од процесот на работа за овозможување обновување на работата по завршување на штрајкот (производно одржувачки работи), односно со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните (нужни работи) се:

-за извршување на административно технички работи со расположлив капацитет од 10 проценти од вработените во јавен сектор -заради спречување на загрозување на животот со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства -заради спречување на загрозување на личната сигурност со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со механизацијата и основните средства -заради спречување на загрозување на здравјето на граѓаните со 10 проценти од вработените во јавниот сектор и кои ракуваат со основни средства минимум непречено извршување на функциите за да не се попречуваат итните постапки

Вработените во јавен сектор покрај тоа што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес на своите работни места во работно време, видливо од 10 до 11 часот ќе застанат и надвор пред просториите на работодавачот.

-Правилата за работите кои не смеат да се прекинат за време на штрајк се однесуваат за цел јавен сектор, а вработените во јавниот сектор да се придржуваат кон вака утврдените правила. Штрајкувачкиот одбор – Претседателството на ССМ е во постојано заседавање и за сите промени навремено ќе информира, велат од ССМ.

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија на 3 јуни донесоа Одлука за генерален штрајк за 22 јуни, ако дотогаш не бидат исполнети нивните барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*