Home / Вести / Утре стартува интернационалниот фестивал на Монодрамата во Битола

Утре стартува интернационалниот фестивал на Монодрамата во Битола

               

Утревечер на сцените на Центарот за култура, и Битолскиот  театар  под мотото “ Помеѓу “  ќе почне 23-то издание на Интернационалниот фестивал на Монодрамата, на кој ќе бидат изведени 13 монодрами од 11 држави во светот.

        За седумте дена , колку што ќе трае фестивалот  во  Битола до 21 мај ќе бидат прикажани монодрами од Велика Британија, Ерменија, Хрватска, Шпанија, Азербејџан, Полска, Израел, Бугарија, Молдавија и Романија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.

        -Скапоцено е што  Битола е запишана на светската мапа на фестивали на монодрама. Оваа година растеретени од Ковид протоколите, одлучивме да направиме светски фестивал, во кој љубителите на монодрамата ќе можат да уживаат во сериозната и квалитетна уметничка продукција.

 Со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и на неколку спонзори, работевме повеќе месеци на овој проект за да го донесеме најдоброто –нагласува  Маја Андоновски Илијевски.

Жири комисијата ќе биде составена од режисерот Владимир Милчин, актерката Бедиа Бегова и македонскиот писател и драмски уметник Сашо Димоски. 

Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот тетатар, актерот Петар Мирчевски. 

      За годинашниот фестивал  аплицираа над 70  монодрами од целиот свет.  Програмата има одличен избор и од аспект на текстови, и од аспект на продукција, а актерскиот чин на креирање на монодрама ќе го оживее театaрскиот свет на малку поинаков начин” – истакнува Петар Мирчевски пред новинарите.

Свеченото отварање на Фестивалот ќе биде  со претставата „Само глас„ на МНТ Скопје, додека затворањето е на 21 мај со претставата „Странци„ на Драмски театар Скопје.

Годинава новина е дневната офф-програма која од 12.00 до 15.00 часот ќе се случува на делови и од Широк Сокак со учество на актери од Статуа Фест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*