Home / Вести / Во јуни “Избор на најуспешните битолчани “за 2021 год.

Во јуни “Избор на најуспешните битолчани “за 2021 год.

       

         Традиционалната  23-та по ред манифестација на Битолски весник “ Избор на најуспешните битолчани“  за 2021 година ќе се одржи во  средината на месец јуни.

       По симнувањето на сите забрани и ковид мерки за справување со пандемијата, Редакцијата на Битолски весник одлучи, годинашната манифестација “ Избор на најуспешните битолчани” за 2021 година да ја одржи во средината на јуни.

        Водејќи сметка за здравјето на гостите и присутните, Битолски весник поради пандемијата одлучи и оваа , како и во претходните две години да го одложи Изборот додека се подобри здравствената состојба.

        Но одложувањето на Манифестацијата не беше пречка до  25  февруари, кога беше последниот рок за конкурирање, кандидатите за признанијата да ги поднесат своите кандидатури.

        До тој рок за признанијата конкурираа над 80 потенцијални кандидати.

        За да им даде шанса на сите оние кои од овие, или оние причини не се пријавија во предвиднеиот рок, Битолски весник од овој број го објавува гласачкиот купон и тие кои сакаат да се кандидираат тоа може да го направат со средината на јуни.

        Воедно своите кандидатури канидатите можат да ги поднесат на нашата меил адреса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*