Don't Miss
Home / Uncategorized / Вартоломејски ноќи во Битола

Вартоломејски ноќи во Битола

Битолчани се во шок. За само два дена дури шест патнички возила се опожарени во Битола.
По завчерашното опожарување на двете патнички возила, на активисти на СДСМ, и денеска рано изутрина на паркинг- просторот наспроти Техничкото училиште “Ѓорги Наумов“  беа опожарени дури 4 патнички возила.

Како и во текот на завчерашниот ден така и денеска од страна на опозиционата партија СДСМ беше потенцирано дека во пожарите се запалени возила на нивни активисти.
Имено,  од денешните 4 опожарени возила, едното од возилото марка “опел корса“ е сопственост на активистка на СДСМ Јасмина Кочевска, која како и Маријан Јовановски тврди дека зад палењето на нејзиното возило има политичка позадина.

Наспроти ваквите тврдења на опозицијата дека зад опожарувањето на возилата во Битола што се случија во изминатите два дена има политичка позадина, бидејќи се запалени возила на нивни активисти, кои се “активни “ на социјалните мрежи, полицијата засега не сака да излегува во јавноста со тврдења дека палењето на автомбилите е со политичка позадина.

Истото тоа го тврдат и од ВМРО- ДПМНЕ.

Во СВР- Битола ги потврдуваат опожарувањето на возилата , кои денеска се случија околу 2,35 минути кога од страна на граѓанин во битолската полиција било пријавено дека на паркинг просторот на ул. “Михајло Андоновски“ е случен пожар.
Веднаш по пријавата екипи на СВР- Битола излегоа на местото на опожарувањето на возилата при што е констатирано дека е опожарено патничкото возило марка “опел корса“  со битолски регистерски таблички при што возилото е целосно изгорено.

Од пожарот, кој до доаѓањето на противпожарната единица брзо се проширил биле зафатени уште три патнички возила, така што вкупно настрадале 4 патнички возила.

Вкупната штета е околу еден милион денари.

Наспроти вчерашниот пожар кога не се пронајдени материјални докази при увидот на местото на пожарот што се случи вчера рано изутрината биле пронајдени траги што ќе бидат предмет на натамошно крминалистичко- техничко вештачење, велат од битолската полиција , каде не сакаат да му даваат политичка димензија на настаните опожарувања, бидејќи според зборовите на портпаролката на СВР-Битола, Магдалена Димитровска полицијата не ги двои ниту луѓето ниту возилата по политичка припадност.
Во врска со последните опожарувања на возилата, градоначалникот на Битола, Владимир Талески истакна дека додека полицијата не ги расфетли случаите, никој не треба да ги политизира пожарите.
Инаку, за потсетување во Битола во изминатиот период се случија дури над 20 опожарувања на возила во кои беа опожарени и возила на истакнати актуелни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои воопшто не излегоја во јавноста да му дадат политичка димензија на опожарувањето на нивните возила.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*