Don't Miss
Home / Uncategorized / Васко Ковачевски: Игри на Мицкоски со набавката на струја по високи цени

Васко Ковачевски: Игри на Мицкоски со набавката на струја по високи цени

         

Вчера објавивме дека Христијан Мицкоски ќе влезе во историјата на државната АД ЕСМ, поранешна ЕЛЕМ, како директор кој купил увозна струја по астрономски високи цени.

Христијан Мицкоски во месец јануари 2017 година увезе струја по цена и до 240 евра за MWh и потроши 5.600.000 евра.

Тоа што денеска ќе го објавиме е како тогашното раководство на компанијата, а можеби и пошироки структури на државно ниво, ја подготвиле ситуацијата за во јануари 2017 г таа да биде погодна за скап увоз на струја.

Подготовката на увозот почнала претходно, кога на 29 декември 2016г Мицковски  бара од Регулаторната комисија за енергетика да им ги пратат правилата за набавка на електрична енергија. На 5 јануари 2017г добиваат решение од регулаторната комисија за одобрување на правилата за набавка на струја, и веднаш, од 8ми јануари го започнуваат скапиот увоз на струја.

           Истовремено, уште додека ја чекале дозволата, извршиле исклучување на блокови во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Почнале и засилено да ги експлоатираат хидроелектраните и да ја трошат цела вода, додека во исто време го организирале увозот на струја по фантастично високи цени.

         Ниските температури со кои денес се правда Христијан Мицкоски не се никакво оправдување. Ниски температури имало секогаш, а во битолскиот регион низ годините наназад редовно паѓале и до минус 25 и до минус 27.

        Тоа што е факт е дека раководството на чело со Мицковски ја внело компанијата во грејната сезона без доволно јаглен и со неремонтирани блокови.

Дали ова било планирано или не било планирано, одговор може да даде само Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ ја раководеше ЕЛЕМ од 2006 до 2017г. Континуирано и свесно ја носеше компанијата кон ослабување на нејзините капацитети за истата да стане зависна од надворешни фактори, преку кои ќе може да се злоупотребуваат нејзините ресурси за нечија лична корист.

Ненаправените ремонти, кои се обврска и се дел од производниот процес, неодржувањето на капацитетите, неинвестирањето, ненабавувањето на сопствена механизација и континуираното расходување на сопствената, довеле да тогашно ЕЛЕМ, државниот производител на електрична енергија, да го клекнат на колена за да можат преку него да ги реализираат и капитализираат своите планови, а се на штета на граѓаните.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*