Home / Вести / Верниците ги послушаа (пре)пораките

Верниците ги послушаа (пре)пораките

                   

 Христијанските верници во Битола во најголем број ги послушаа (пре)пораките на Министерството за  здравство и Владата, за време на Велигденските празници да нема масовни посети на црковните храмови.

          Денеска во црквата “Св. Димитрија“  во Битола, која во минатото на денешен ден беше масовно посетена од верниицте, денеска на Велики петок беше буквално празна.

          Во дворот на Црквата можеа  на прсти да се избројат неколкумина верници, кои палеа свеќи за здравје, а многу мал беше бројот и на верниците кои се причествуваа, како и на тие кои во црквата ја следеа црковната богослужба.

          Очигледно дека (пре)пораките на надлежните  државни институции стигнаа до верниците кои овој пат беа крајно дисциплинирани и одлучија Велигденските празници да ги поминат во своите домови со своите најмили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*