Don't Miss
Home / Колумни / Весник кој ги (с)руши сите прогнози

Весник кој ги (с)руши сите прогнози

     

Битолски весник, утре, сабота на 29 април,  ќе го одбележи  својот голем  и редок јубилеј,  59 години од излегувањето на првиот број и ќе почне да ги испишува првите страници од 60 годишнината на своето постоење.

 Пред точно 59 години, во далечната 1964 година, во предвечерјето на Празникот на трудот, 1 Мај,  излезе првиот број на Битолски весник.

        По повеќе неуспешни обиди, група ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор, на 29 април 1964 година го издадоа првиот број на Битолски весник.

        Оттогаш цели 59 години Битолски весник секоја среда непрекинато  се наоѓа  во  рацете на бројните читатели во Битола.

        Битолски весник е без сомнение не само единствениот локален весник во  Република Македонија, кој  успешно цели 59 години  опстојува во медиумскиот простор на печатените медиуми во Македонија, туку е и единствениот весник во државата којшто немал ниту еден прекин  од излегувањето на првиот број.

 За разлика од останатите локални печатени медиуми, кои, за жал, не преживеаја на македонскиот медиумски простор и поради недостигот на финансиски средства за нормално излегување  згаснаа,  Битолски весник е единствениот весник во Република Македонија којшто успешно опстојува  цели 59 години  и за среќа на илјадници свои читатели не ја доживеа судбината на останатите печатени  медиуми во државата.

        Само за илустрација да наведеме дека поради недостиг на  финансиски средства  веќе со децении  не излегуваат локалните весници со долгогодишна традиција: #Народен глас# од Прилеп, #Наш весник# -Куманово, #Полог# – Тетово, #Вардарски глас# – Велес, #Преспански весник#- Ресен, #Езерски глас#  Охрид, #Штипски весник# -Штип, #Актуелност# – Кочани…

        Тешките пазарни услови на стопанисување, особено во печатениот медиумски простор во изминатите години не го преживеаја и неделнците #Млад борец#, #Студентски збор#, #Дело#, #Старт#, “Сега”, #Зум#, #Национал#, #Пулс#, #Екран#, #Остен#, #Скок#,  “Котолец “, “ Трудбеник “, #Република#, #Жена#, “Денес”, “ Булевар”…

        Пред неколку години поради проблем со обезедувањето средства престанаа да излегуваат и дневните весници “Република”,  “ Македонија денес”, “Дневник “, “ Вест”, Утрински  весник “

        И покрај тоа што како и останатите печатени медиуми во Македонија и Битолски весник во своето опстојување се среќавал со финансиски тешкотии и веќе долг период е оставен на ветрометините на пазарната економија, сам да се грижи за својот опстанок, без никаква буџетска помош, сепак овој весник  во сите овие 59 години ниту еднаш не престанал со излегување и печатење.

        Денес Битолски весник е без сомнение еден од најзначајните печатени медиуми во државата којшто одамна ги надминал локалните рамки.

        Битолски весник цели 59 години е вистински хроничар не само за настаните од Битола и Регионот и бренд на градот.

        За Битолски весник велат дека е сведок и хроничар на Битола. Некои велат дека тој е Македонски Пиреј.

        Трети велат дека е колективна меморија на градот.

        Има и такви кои велат дека е Првиот буквар на градот, а во една прилика професорот по новинарство, Тоци Груевски изјави дека е Светилник на Битолското и Македонското новинарство.

        Битолски весник беше замислен од стрна на иницијаторите за негово излегување да   биди весник на  граѓаните на Битола.Тој цели 59 години секоја среда, непрекинато се наоѓа во рацете на илјаднци читатели.               Некои од нив  со Битолски весник другаруваат  уште од првиот број.За многумина битолчани, Битолски весник бил првиот и единствениот буквар, преку кој научиле да читаат и пишуваат.                                      Многумина со Битолски весник другаруваа(т) од својата најмала возраст, од училишните клупи, па се до пензионирањето.                                        

        Во изминатите 59 години Битолски весник минувал низ бројни и тешки искушенија.Од стопостотното  финансирање, на почетокот од неговото излегување, па се до целосното финасирање во седумдесеттите и добар дел од осумдесеттите  години, Битолски весник  од 1990 година, кога згасна Социјалистичкиот сојуз, кој беше основач на Весникот, е оставен  сам да се бори за својата егзистенција. Таквиот начин на  финансирање  во многу наврати го доведе во прашање нормалното излегување на Весникот. Но, кога многумина ни го посакуваа и предвидуваа нашиот крај, ние се подигнувавме и продолжувавме во нов почеток.                     На тој речиси шест  децениски пат сме имале многу тешкотии, пречки, опструкции, притисоци, закани, подметнувања…     Откако пред една деценија не успеаја да не скршат,  некои  само замислени  локални моќници, кои ни го посакуваа крајот, се обидоа со поднесување  дури над 14 кривични пријави и барање на големи оштетни побарувања  засекогаш да не замолчат и да не принудат да  се предадеме.Но за наша среќа, а нивна несреќа  и тоа не им успеа.

        Битолски весник остана и опстана.                    Гледајќи напред во иднината, сите изминати 59 години  ги совладувавме проблемите и тешкотиите на кои наидувавме.       Признаваме  дека не ни беше лесно. Напротив ни беше  доста тешко. Но  ние не се предава(в)ме. Битолски весник опстојуваше сите овие 59 години и убедени сме дека ќе опстојува и натаму.

        Водени од девизата секогаш ПРОСТУМ, Битолски весник паѓаше, но и се креваше, како Феникс од пепелта.

        Таквиот успех е резултат на огромната љубов која ја имавме и сеуште ја имаме кон Весникот.

        Таа љубв во изминатите години успеавме да им ја в садиме и на сегашните членови на Редакцијата, кои се ангажирани во Весникот, кои најдуваа сили и мотиви да го подготват весникот да излезе во среда, дури и тогаш кога сите бевме болни од Ковид 19 и бевме во изолација, кога некои од нас  го изгубија мирисот и вкусот.

        Но тие го изгубија чувството на мирисот и вкусот за храната и пијалоците, но не го изгубија  чувството за мирис и вкус  на печатарската боја и покрај за сопственото здравје се грижеа  од изолација да го подготват  и испечатат Весникот и тој во среда да се најде во рацете на своите читатели.

        Додека илајдници битолчани се обидуваа да најдат разни причини да бидат на боледување или  со месеци поради короната да отсуствуваат од работа, вработените на  Битолски весник, болни и инфицирани од короната не користеа ни  еден ден слободен и работа во текот на целата недела.

         Токму таа безрезервна и безвременска љубов кон Битолски весник  го одржа Весникот.

        Се додека е така и додека гори пламенот на таа огромна љубов кон Весникот  и невидениот  ентузијазам,  Битолски весник  нема да згасне, не само на наша радост, туку и на радост на бројните наши читатели, како и на радост на нашите децениски спонзори и поединци и институции кои не почитуваат, ценат, сакаат и кои  не поддржуваат сите изминати 59 години.

        Нашето мото е одиме натаму.

        Од сабота, 29 април 2023 година со уште поголем елан и ентузијазам  го  почнуваме  нашиот од кон  новиот јубилеј 60 години од излегувањето на првиот број.

        Довидување до 29  април 2024 година, кога ќе прославиме 60 години од излегувањето на првиот број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*