Don't Miss
Home / Uncategorized / Виктор Димовски државен секретар на МНР

Виктор Димовски државен секретар на МНР

Виктор Димовски со решение на министерот Никола Димитров е поставен за нов државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Виктор Димовски е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Србија и Црна Гора, како и во Државата Израел.

Покрај тоа, извршувал и други одговорни должности во Министерството, помеѓу другото и помошник министер, државен советник и специјален советник. Воедно, бил национален координатор на Република Македонија во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија.

Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски беше директор на Агенцијата за разузнавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*