Home / Вести / Владата го стави Куманово во карантин

Владата го стави Куманово во карантин

Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.

Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот.

Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*