ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, заклучил синоќа Централниот комитет на партијата.
Доколку не се вметнат нивните забелешки, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заклучил дека и „покрај големата желба и искрена волја, ВМРО-ДПМНЕ нема да е во можност да даде поддршка на овој договор во Парламентот на Република Македонија“.
„Со сегашните одредби на овој договор, можеби не веднаш, но по една и повеќе години од неговото потпишување, во времето на неговото спроведување, Република Македонија ќе се соочи со сериозни проблеми, чие решавање ќе биде на штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ под вакви услови не сака да ја споделува одговорноста која СДСМ ќе ја има пред граѓаните на Република Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.