Home / Uncategorized / Зврлевски им го продолжи работењето на парламентарното мнозинство

Зврлевски им го продолжи работењето на парламентарното мнозинство

Се додека не дојде до промена на јавниот обвинител Зврлевски и не почне постапка за избор на нов јавен обвинител не одиме на одмор, рече Бочварски.
 Додека не се разреши обвинителот Марко Зврлевски пред локалните избори пратениците од владејачкото мнозинство нема да одат на летен одмор, соопшти денеска потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски на прес конференција.

– Нема да го користиме оној одмор којшто ни е со деловник со, Закон, загарантиран, се додека не дојде до промена на јавниот обвинител Зврлевски и се додека не се почне постапка за избор на нов јавен обвинител. Право на спикерот, на претседателот на Собранието е кога ќе ја закажае седницата, наш интерес е тоа да се случи час поскоро, бидејќи од таму ќе почне демократизацијата на институциите и на судскиот систем – изјави Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека изборите ќе ги распише на 6 август, а на 8 август заминуваат на колективнен одмор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*