Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ го уништи спортот во Битола

ВМРО ДПМНЕ го уништи спортот во Битола

Локалната власт предводена од ДПМНЕ го уништија спортот во Битола. Изминаа 12години, период во кој слушавме само лажни ветувања за изградба на спортски центар, спортска сала и затворен базен, а од тоа не остварија ништо. Челниците од ДПМНЕ, меѓу кои и Зоран Илијоски  ветуваа дека ќе го изградат и стадионот под ТУМБЕ-КАФЕ , но освен промена на плановите и финансиските конструкции, за жал ништо друго не направија. Па така, со право можеме да заклучиме дека успешно ги излажаа Битолчани!

Затоа ние како идна локална власт ќе изградиме современ и функционален градски стадион кој е долгогодишна желба на Битола.

Стадионот ќе ги исполнува сите меѓународни стандарди и критериуми. Со негова изградба ќе се создадат предуслови Битола повторно да го врати својот сјај и да биде домаќин на најпознатите европски и светски клубови , а нашите сограѓани да ги следат натпреварите во издание со кое ќе се гордеат!, изјави кандидатот за советник на СДСМ и Коалицијата “Живот за сите “, Методија Илиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*