Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за работа на црно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за работа на црно

-Лицемерно е што СДСМ, чие владеење беше синоним за работа на црно, сива економија, нефункционирање на законите и институциите, елитизам и нетранспарентност, сега покажува наводна „грижа” за малостопанствениците и повторно со лаги и невистини измислува непостоечки „афери”- стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ  за прес-конференцијата на СДСМ од Битола.

-Штета е што колебливиот пратеник, Васко Ковачевски јавно манифестира крајно непознавање на надлежностите и не знае дека посочениот „панаѓур” во близина на Новиот Пазар во Битола, се одржува на приватен плац и е договорен меѓу приватни субјекти, со претходно обезбедени дозволи. Општината и градоначалникот навистина прават многу и обезбедуваат поволни услови за поттикнување на економијата во Битола, но немаат надлежност да влијаат и врз поединечни одлуки на приватни деловни субјекти.
Доколку Ковачевски има вистински аргументи за обвинувањата што ги наведе, пазарната и трудовата инспекција се вистинските адреси на кои треба да ги изнесе. Но, тој одбра да се обрати јавно, во недела, од партиски штаб, што според досегашната веќе видена пракса во СДСМ, е само желба за привлекување внимание и продолжување на трендот на буквално играње на улогата на опозиција по секоја цена и без основа – колку да се работи нешто- велат од Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ- Битола.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште и додаваат дека со поттикнувачки мерки и даночни олеснувања, на дело ја покажувале грижата за стопанствениците кои се движечка сила за подигнување на општествениот стандард и благосостојбата на сите граѓани.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*