Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучува дали ќе го напушти Собранието. Лидерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба ВМРО-ДПМНЕ и натаму да учествува во работата на Собранието, бидејќи не бил испочитуван договорот, денеска да се распушти Парламентот.
– Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ – изјави денеска Мицкоски.