Don't Miss
Home / Uncategorized / Во Битола првото бебе женско

Во Битола првото бебе женско

                            

          Ако денот по утрото се познава 2020 година ќе биде бериќетна во Битола.

          Првото новороденче, кое се породи во Клиничката болница во Битола, само 5 минути по полноќ е женско.

          Мајката Анита Мојсовска, на која ова и е прво бебе, на свет донесе здраво женско бебе, кое го доби името Евгенија, е тешко 3.530 грама.

Породувањето се случи спонтано и по природен пат,  изјави началничката на Гинеколошкото одделение при Клиничката болница, при.д-р  Елизабета Чипуровска.

          Инаку  нешто пред полоќ  се породија две мајки,треторотки, кои на свет ги донесоа своите трети деца.

          На среќната мајка, денеска напладне породувањето и го честита градоначалночката на Битола, Наташа Петровска, која и подари букет свежи цвекиња и  парична награда од 20.000 ден.

          Текст и фото:Васка М.Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*