Во битолското село Крстоар, вчера ненадејно почина малолетник, чија смрт ја вознемири битолската јавност.
Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство-соопшти битолската полиција.
По смртта на малолетникот, бил извршен увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.