Don't Miss
Home / Uncategorized / Во новата телевизија уште пред да проработи паднаа првите откази!?

Во новата телевизија уште пред да проработи паднаа првите откази!?

Иако сеуште нема проработено новата регионална телевизја, чие седиште ќе биде во Касарната во Битола и која откако ќе се ребрендира по се изгледа ќе се вика ТВ “ Мега” веќе паднаа првите откази.
Додека уредничкиот тим сеуште се екипира и менаџментот на телевизијата на секој начин се обидува да врбува технички и новинарски кадар од разни електронски медиуми во Битола, деновиве, според информации на порталот на Битолски весник падна и првиот отказ.
Имено менаџментот на телевизијата деновиве му се заблагодарил на еден од најголемите поддржувачи за отворање на телевизијата и кој во изминатиот период требаше да биде еден од главните во екипата.
Инаку,  во последно време скорешното стартување на новата регионална телевизија е дежурна тема во Битола, особено меѓу новинарите.
Во Битола наголемо се шпекулира кој стои зад телевизијата. Се спомнуваат многу (познати ) имиња, на познати функционери и бизнисмени од земјата и странство.
Се зборува дека веќе во телевизијата се прават последните подготовки пред стартот.
На списокот на нововработените се најдоа некои (не)познати имиња кои пред тоа работеа во една од двете битолски локални телевизии, а најверајтно за главен уредник на телевизијата ќе биде поставена новинарка која работи за еден национален медиум.
Во раководството на телевизјата се наоѓаат и некои познати битолски имиња од областа на културата.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*