Home / Uncategorized / Фатен наркодилер во Битола

Фатен наркодилер во Битола

Во опсежна акција на Секторот за справување со шверц на наркотични средства при СВР Битола, која вчера утрината и доцна попладнето ја изведе битолската полиција на улицата “ Јане Сандански”, кај Битолски весник уапсен е наркодилер и откриена е дрога, хероин од 285 грама.
Со оглед на тоа што акцијата на полицијата сеуште трае, засега полицијата не сака во јавноста да излегува со поединости околу вчерашната акција за справување со нарко дилерите во Битола, но од добро информирани извори дознаваме дека еден од нив, од вчера веќе се наоѓа во притвор и дека е откриена дрога од 285 грама хероин.
Интересно е што дрогата не е најдена кај лицето кое е уапсено, туку во една напуштена куќа во негова близина на улицата “ Јане Сандански “, каде сопственикот на куќата е во странство.
Полицијата на СВР Битола сеуште испитува како се нашла дрогата во напуштената куќа во која е пронајдена дрогата и кој го донесол кучето кое наводно ја “чувало “ куќата.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*