Во Општината Новаци, до овој момент според зборовите на претседателот на Општинската изборна комисија Стевче Стевановски, излезноста е нешто над 50 проценти.
Од 2985 гласачи колку што се запишани во избирачкиот список, досега на гласање се излезени околу 1484 гласачи.
Изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера. Не се забележани никакви неправилности освен што на неколкумина не им било дозволено да гласаат бидејќи не биле запишани во избирачкиот список.
Б.В.