Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална информација за бројот на повредени во сообраќајната несреќа во близина на зимскиот пункт Кула. Екипи на брза помош и на МВР се уште се на терен и се уште не е утврдено што е причина за несреќата.
Од таму потврдуваат дека автобусот возел во правец од Велес спрема Скопје и нешто околу 19.00 часот излетал од коловозот. Според неофицијални информации во автобусот се превезувале македонски туристи кои биле на летување во Пефкохори.
Сега за сега нема информација за загинати, но неофицијално повредени се околу 20 лица. Сообраќајот се одвива по само една лента, велат од МВР.