Don't Miss
Home / Uncategorized / Вработените на АД “Металец” Битола на принуден одмор

Вработените на АД “Металец” Битола на принуден одмор

                 

          Судбината на една од најстарите фабрики во Битола, АД Металец е сосема неизвесна.

Веќе трет месец сите над 120 вработени се на принуден одмор.

          Според изјавите на дел од вработените тие веќе трет месец немаат добиено плата и прашање е дали воопшто ќе добијат.

          Од страна на раководството на фабриката тие се испратени на принуден одмор без да им се каже кога ќе можат да се вратат на работа.

          Оваа фабрика, која е специјализирана за производство на шпорети за греење веќе подолго време се соочува со проблеми во производството и пласманот на нивните некогаш прочуени шпорети.

          Ако порано оваа фабрика произведуваше над 50.000 шпорети, сега велат вработените едвај произведувале само неколку илјади, по што менаџментот на фабриката донесол одлука да ги пушти варботените на принуден одмор.

       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*