Успехот дојде како плод на тотална посветеност, а е можен само ако бескрајно се сака научната и уметничката работа, истакна денеска проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист – ортопед заблагодарувајќи се во име на добитниците на државната награда „23 Октомври” за 2014 година која денеска беше врачена во Собранието на Република Македонија.
Добитници на наградата се и писателот Милош Линдро, ликовниот уметник Доне Милјановски, народниот уметник и фолклорист Димитар Узунски и Македонската филхармонија, а се доделува за остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.
Наградата „23 Октомври” се доделува во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија, области за коишто е потребна поголема општествена поддршка.
Б.В.