Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), поддржано од проектот финансиран од Европската Унија – MAINLAND, кој го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), ја одржа втората регионална работилница за подигнување на свеста за консолидација на земјоделско земјиште кај земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште.
Целта на работилницата е да се зголеми локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделско земјиште за земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште.
Учесниците се информираа за принципите и постапките за консолидација на земјоделското земјиште, во согласност со соодветниот закон и во насока на спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште 2012-2020 година. Локалните земјоделци и сопственици на земјоделско земјиште се информираа за претстојната селекција на најпогодни области за консолидација на земјиште и како да изразат интерес за новите консолидациони проекти во наредните неколку недели.
Во изминатите три недели, сектори и подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) беа обучени како да ги идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при изразување на интерес за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште.
Првата работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште се одржа минатата недела во Гостивар. Наредните регионални работилници се закажани за 9. и 14. ноември, во Струмица и Штип, соодветно. По овие настани, проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ и АПРЗ, ќе спроведе локални информативни состаноци во целните села, со цел да им помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат како корисници на проекти за консолидација на земјиште. Овие активности имаат за цел да помогнат во изборот на проектни области со најголем потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште во земјата, кој се очекува да се случи до крајот на декември 2017 година.