Подгрупата за помирување го утврди Предлог текст на законското решение за амнестија за настаните од 27 април со кое нема да бидат опфатени нарачателите и организаторите на настаните од крвавиот четврток и официјално инфомираше претседателот на групата Рамчиловиќ . Ова значи дека Чавков , Марковски , Лазаров и Радулов како тогашни вработени во МВР нема да бидат опфатени со овој закон а истиот ќе ги опфати Муковски , Арнаудов и Василевски . Во изјавата за медиумите Рамчиловиќ рече дека 8 те независни пратеници постигнале консензус по ова прашање и сега истото треба да се разгледа и во рамките на интерпарламентарната група за реформи, интеграција и помирување, а потоа и до сите пратеници во Собранието. Решението тврди прави разлика меѓу оние кои не извршиле физичко насилство и оние кои биле таму со цел да извршат убиство или било каква друга слична форма на физичко насилство.
„Оставивме можност во предлог текстот за сите оние кои сакаат да го продолжат процесот истиот предлог текст ќе треба секое лице опфатено во во процесот да поднесе барање за амнестија во понатамоѓната постапка.“ – изјави Зекир Рамчиловиќ Независна пратеничка групи.