Македонскиот тим составен од десет члена освои 23 медали, од кои 11 светски шампионски титули, седум вицешампионски и пет бронзени, односно трети места.
Воедно, на крајот на Светското првенство во боречки вештини и борби 2014 во Умаг, Република Хрватска, Специјалниот совет на мајстори и Светската федерација на специјална церемонија на мајсторот Златко Неделковски, со посебни почести му додели сертификат Мајстор 8-ми дан во кик-бокс.
Ова се носителите на медалите по дисциплини: Лајт-контакт борби: -Сара Илиевска – лајт-контакт борби – кат. – 25кг.- злато -Сара Илиевска – лајт-контакт борби – кат. -30кг. – сребро. -Христијан Котевски – лајт-контакт борби – кат. -40 кг.- бронза -Маја Кузманова – лајт-контакт борби – кат. -40 кг. – злато -Били Мишевски – лајт контакт борби – кат. -40 кг. – сребро -Андреј Христовски – лајт контакт борби – кат. -45 кг. – сребро -Маја Кузманова – лајт контакт борби – кат. -45 кг. – злато -Антонио Десковски – лајт контакт борби – кат. -45 кг. – злато -Сунај Мифтар – контакт борби – кат. -65 кг. – бронза -Андреј Иванов – лајт контакт борби – кат. -65 кг. – сребро -Јован Марушевски – лајт контакт борби – кат. -70 кг. – злато Семи контакт борби: -Христијан Котевски – семи контакт борби – кат. -40 кг. – бронза Демонстрации во му-зички форми со традицио-нално оружје. -Христијан Котевски -12 год. – злато -Сара Илиевска -12 год. – сребро -Андреј Иванов -17 год. – злато -Јован Марушевски – музички форми со оружје -17 год. – сребро.
По големиот успех македонската експедиција од Академијата за боречки вештини За нед до од Битола оствари средба со градоначалникот Владимир Талески.
С.Р.