Don't Miss
Home / Култура / Маестро Алесандро д’ Агостини и Камерниот оркестар го одржаа концертот “Вечер на пијаното“

Маестро Алесандро д’ Агостини и Камерниот оркестар го одржаа концертот “Вечер на пијаното“

Во неделата, во големата сала на Центарот за култура-Битола, познатиот италијански диригент маестро Алесандро д’ Агостини диригираше со битолскиот Камерен оркестар на целовечерен концерт насловен “Вечер на пијаното”.

Публиката уживаше во концертот под диригентската палка на маестро Алесандро д’ Агостини, диригент од Италија кој има импозантна кариера со познати оперски куќи низ матичната и други европски држави.

На концертот беа изведени дела од Бах, Шопен и други светски познати композитори.
Камерниот оркестар на Битола годинава функционира во партнерство со националната установа, Центар за култура- Битола и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*