Home / Uncategorized / Заев и Села се договорија

Заев и Села се договорија

Премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села се договорија. Заев ќе може да смета на гласовите на Алијансата на Албанците во гласањето на финалната фаза за измени на Уставот, откако прифатил дел од нивните барања на попладневната средба. Алијансата ќе ги поддржи уставните измени, откако било договорено во преамбулата да се избрише зборот „граѓани кои живеат во границите“ и се набројуваат сите заедници.Според таа формулација, излегува дека тие привремено живеат во Македонија и оти со бришењето на зборовите „кои што живеат“ ќе се избегне чувството кај Албанците и другите заедници дека привремено живеат во земјава. Од преамбулата е тргнат и зборот „граѓаните“ кој два пати се споменува. раѓаните на Македонија, макенскиот народ и дел од албанскиот народ, турскиот народ… ќе биде конечната формулација во Преамбулата.

Премиерот го отфрлил барањето на Беса за албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија.

Седницата за уставните амандмани е закажана за утре. Во исто време пред Собранието е најавен протест на ,,Македонија – Блокира” во 12 часот против уставните измени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*