Don't Miss
Home / Uncategorized / Заев: Нема да дозволам еден “педер“ да ја сруши Владата

Заев: Нема да дозволам еден “педер“ да ја сруши Владата

Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде скандалозна изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.

-Секаде за кој ќе има докази, кој е инволвиран во зимање на пари, секој го прекрил закон. Нашата земја нема стрелање и бесење, има затвор. Шпекулациите кои одат до таму, обидувајќи се некој да ме инволвира мене, уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов со поддршка од граѓаните, борејќи се за правна држава. Јас сум борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај, додека граѓаните ми даваат поддршка. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт. Не, ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, ќе си носи одговорност, рече Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*