На долгонајавуваниот голем протестен собир кој што се одржа пред Владата, лидерот на опозицијата Зоран Заев побара неотповилкива оставка на премиерот Никола Груевски и неговиот владин тим.
Воедно Заев побара оставка да поднесат и републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски и раководството на МРТВ.
Притоа лидерот на СДСМ, во својот говор рече дека се додека Груевски не поднесе оставка тие нема да се повлечат од пред Владата на Република Македонија.
Б.В.
Фото: Нова Македонија