Премиерот Зоран Заев потврди дека СДСМ ќе им го предложи Стево Пендаровски на ДУИ и на останатите коалициски партнери како кандидат за претседател.
Заев на излегување од партиското седиште рече дека на вечерашната средба со коалициските партнери и со ДУИ во хотелот Хилтон во Скопје ќе го соопшти предлогот на СДСМ и очекува истиот да биде поддржан.