Home / Uncategorized / Заев прифати дуел со Мицкоски

Заев прифати дуел со Мицкоски

По повикот на првиот опозиционер, Христијан Мицкоски, кој му порача на премерот, Зоран Заев, да избере место и време за телевизиски дуел, од Владата велат дека Заев е подготвен за тв соочување во било кое време.

„Дуел со опозицискиот лидер Мицкоски никогаш не бил доведен во прашање. Премиерот Заев е подготвен во кое било време за телевизиско соочување со Христијан Мицкоски. Но тоа што најпрво треба да го направи Мицкоски е конечно, на граѓаните коишто од него чекаат одговор повеќе од една година, да им одговори на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“. И дополнително да појасни кој е неговиот став и неговата алтерантива којашто им ја нуди на граѓаните за влез во НАТО и ЕУ“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*