Денес започна асфалтирањето на првиот дел од велосипедските патеки на улица „Партизанска“ кое ќе продолжи и во следните денови.
Со реализацијата на овој проект Битола ќе добие велосипедски патеки во должина од над 5 километри, со една заокружена велосипедска целина.
Реконструкцијата се изведува на веќе постоечките тротоари, во ширина од 3 метри, без да се нарушува зелениот појас на улиците.
Реконструкцијата на постоечките тротоари на дел од ул.„Васко Карангелевски“ и ул. „Партизанска”, ќе се одвива на следните делови:
На ул. ”Васко Карангелевски” од десна страна, од кружниот тек кај „Педагошка” до кружен тек кај „Веро”, на дел од ул.„Партизанска“ од десна страна, од крстосницата со ул.„Тодор Паница“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“ и од лева страна од кружен тек кај „Веро“ до крстосницата кај „Градско шеталиште“.
По бројни долгогодишни барања на граѓаните за вело инфраструктура во Битола, Општината Битола одлучи со сопствени средства да го реализира овој проект, откако претходно во Советот не беше поддржан проектот за изградба велосипедски патеки, со средства од Европската Унија, во рамките на проектот „Смарт фор ју ту“.