Don't Miss
Home / Uncategorized / Затворениците од Идризово бараат амнестија

Затворениците од Идризово бараат амнестија

Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.

Од затворот „Идризово“ за МИА потврдија дека 60-65 проценти од затворениците одбиваат храна и оти во моментот се вршат лекарски прегледи на затворениците. Како што велат од Управата на затворот, затворениците најавиле дека штрајкот ќе трае два дена.

Затворениците очекуваат нивните барања да бидат исполнети, а доколку тоа не се случи, најавуваат дека нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*