Don't Miss
Home / Култура / Завод и музеј ќе реализира крупен европски проект “Граѓански иновативни скулптури“

Завод и музеј ќе реализира крупен европски проект “Граѓански иновативни скулптури“

Заводот  и музеј од  Битола   доби крупен  европски проект што ќе го реализира во соработка со 12 партнери.
-Станува збор за крупен проект насловен “Граѓански иновативни скулптури“ што ќе се реализира во следните три години, а вредноста на проектот изнесува два милиони евра- изјави, директорката на битолскиот Завод и музеј, Лилјана Христова.

Во проектот се учесници 12 земји кои во исто време преку прес-конференции ја информираат европската јавност за проектот  кој ќе воведе новини и на европско ниво во културата,   уметноста,  урбанизмот.
Во Македонија,  проектот го имплементираат две институции, Завод и музеј во својот делокруг и Фондацијата Гаус институт.

Проектот ќе се релизира три и пол години, вкупниот буџет од два милиони евра кои се вкупен буџет на проектот се  за сите 12 партнери, земји учеснички.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*