Don't Miss
Home / Култура / Заврши снимањето на филмот “Ослободувањето на Скопје“ во Битола

Заврши снимањето на филмот “Ослободувањето на Скопје“ во Битола

film 1

По месец дена, денеска во Домот на АРМ, падна последната клапа од снимањето на играниот филм “Ослободувањето на Скопје“ во Битола, во режија на познатиот актер Раде Шербеџија.
По снимањето на последната сцена од овој филм, филмската екипа се сели во Скопје, каде ќе продолжи снимањето на филмот.

film 14
-Морам да нагласам дека во Битола, имавме одлични услови за работа. Благодарение на градоначалникот Владимир Талески, ни беше овозможено слободно да снимаме сцени во цела улица која беше месец дена блокирана и со што ние практично добивме, филмско студио на отворено- истакна Раде Шербеџија на кого ова му е прв филм, каде што тој се јавува во улога на режисер.

Шербеџија нагласи дека филмот ќе биде готов идната година и дека премиерно ќе биде прикажан на фестивалот “Браќа Манаки“.

film 15

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој во голема мера логистички го поддржа снимањето на филмот, во изјава за медиумите нагласи дека со снимањето на овој филм, како и со претходните филмови кои се снимаат во Битола, градот на “Браќата Манаки“  се повеќе се афирмира како филмски град.
– Ниту на сон неможев да сонувам дека во Битола, ќе режира прославениот актер, Раде Шербеџија и кој што најголемиот простор од овој филм му го отстапи на Битола. Идејата за “Битола филмски град“ чекор по чекор се реализира. По прикажувањето на овој филм, Битола ќе се афирмира уште повеќе како филмски град и многу други режисери ќе посакаат нивните филмови да ги снимаат во Битола- нагласи градоначалникот Талески.

 

 
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*