Don't Miss
Home / Uncategorized / Здружението за чист воздух ја информира јавноста за нивното делување

Здружението за чист воздух ја информира јавноста за нивното делување

Денеска од Здружението „За нас се работи“ одржаа прес-конференција за да ја информираат јавноста дека мерната станица “Битола 2“  неколку денови покажува претежно во попладневните часови фрапантно  загадување на воздухот.

Од над 900  а во некои момeнти дури и илјада милиграми на метар кубен пм 10 честички што е над 20 пати од дозволеното.

voduh 3

-Се остварија нашите сомнежи дека мерните станици  “Битола 1“ и “Битола 2“  не даваат исти резултати, односно “Битола 2“  која е во централното градско подрачје покажува драстично повисоки резултати од оние што ги мереше мерната станица “Битола 1“. Оттука со ставањето во функција на мерната станица “Битола 2“ веќе надлежните можат од таа мерна станица да земат мостри од мерењето на загадувањето,  односно да извршат испитување на хемискиот состав и по објавувањето на нашите резултати кои ги очекуваме  до 28 овој месец, надлежните веднаш да ги соопштат и резултатите од мерната станица “Битола 2“ – рече на средбата со новинарите, Горан Пинза, еден од иницијаторите за чист воздух во Битола и член на Здружението “За нас се работи“.

Од Здружението соопштија дека согласно потпишаниот Меморандум, остварени се средби со надлежните во Општината Битола, вчера беа соопшени препораки и мерки за заштита на граѓаните од загадувањето, бидејќи воздухот е енормно загаден.

vozduh

-Успеавме да издејствуваме промена на законот за животна средина, што е веќе во собраниска процедура и трета работа од која сме задоволни, по средбата со Инпекторатот за животна средина побаравме мерењата што РЕК “Битола“ самостојно ги прави, инсистиравме  да добиваме извештај на месечно ниво за резултатите што ги има комбинатот за загадувањето на  воздухот во градот- додаде Пинза.

Согласно законот за пристап до информации од јавен карактер ипративме барање до Државниот инпекторат за животна средина со канцеларија во Битола, а се однесуваше за работата на “Еко клуб“  од Битола кој вршеше дејност складирање и третман на медицински отпад, се надоврза Иван Јерчиќ од Здружението “За нас се работи“.

– Субјектот престана да работи по истекот на дозволата за работа, што е утврдено со инспекциски надзор на лице место. Опремата со која се вршеше дејноста е демонтирана и дислоцирана во Скопје, каде субјектот ќе продолжи да ја врши дејноста по добивањето дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ова е голем успех на нашето Здружение , бидејќи во јавноста се шпекулираше за загадувањето што го врши “Еко клуб“ во својата дејност. Се надеваме дека луѓето од Логоварди ќе дишат почист воздух- бше категоричен Иван Јерчиќ.

Тој се заблагодари за ставањето во функција на апликацијата за мобилните телефони “Мој воздух“ што ја изработи студент од градот, која е достапна за сите граѓани што имаат паметни телефони за добивање информации за загадувањето на воздухот во Битола.

Од Здружението посочуваат дека во иднина  се фокусираат за забрзување на процесот на топлификација во Општина Битола и да се земат искуства од европските земји каде има најмногу термо електрани  како таму  се справуваат со аеро загадувањето.

 

Текст и фото: В.М.Мл

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*