Home / Колумни / Земја на апсурди

Земја на апсурди

       

            Македонија беше и што е најстрашно останува да биде земја на апсурди.

            Иако во изминатите над 33 години од македонската независност, на македонската политичка сцена се изменија  и продефилираа неколку генерации политичари, за жал менталитеот и табиетот на  политичари остана ист.

            Тие единствено  останаа доследни на својата недоследност.

            Имам впечаток како една мајка да  ги родила и воспитувала.

            Зошто го велам ова. Затоа што  ние бевме и останавме земја на апсурди и отворен пазар за продавање на магла и  евтини приказни.

            Кај нас белото не е секогаш бело, ниту пак црното црно.

            Во оваа земја, која од пред десетина дена живее со новото уставно име Република Северна Мaкедонија,  работите, размислувањата, сваќањата или табиетите се менуваат  во зависнотс од (не)приликите така брзо што никој не може да му фати крај.

            Да не зборувам колку брзо на македонската политичка сцена се станува патриот или предавник.

            Деновиве, откако измина рокот  договорен и потпишан со Меѓународна важност (12 февруари 2024 ) за смена на личните докумнети сме сведоци на такви политички  игри, од кои човек не знае дали да плачи или да се смее.

             Откако над 600.000 граѓани на Македонија останаа без  лични документи на кои стоеше името Република Македонија, преку ноќ политичарите, кои на сите свдаби, веселби, чествувања, спортски натпревари, политички собири, конвенции, конгреси… ја пееја песната  “Едно име имаме “ и “Никогаш Северна, само Македонија”, сега  со дрвја и  камења се нафрлија на власта дека таа, замислете  ништо не направила навреме да го смени името Република Македонија, со новото уставно име, Република Северна Македонија.

            Опозициската ВМРО-ДПМНЕ дури  поднесе кривична пријава против екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој, како што стои во пријавата, како  поранешен министер за внатрешни работи е директно одговорен за хаосот со личните документи, бидејќи  тој  во својство на министер за внатрешни работи, во период од околу две и пол години,  до 12 февруари 2024 година,  ништо не направил  да ги смени личните документи на граѓаните  во Република Северна Македонија.

            Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски  дури побара не само  екс министерот Спасовски, туку целата Влада  да сноси одговорност затоа  што ништо не направиле навреме да им го сменат  во документите името на граѓаните во Република Северна Македонија со што сега над 600.000 граѓани на Република (Северна ) Македонија ги направи заробеници во сопствената држава и ги осуди на државен притвор, без да можат да ја напуштат Македонија.

            Каков апсурд. Човек да не знае што да мисли.

            Сега “патриотите “ кои  не само своето членство, туку и граѓаните на Македонија ги уверуваа дека тие  додека  дишат никогаш нема да го променат името во Република Северна Македонија, сега ја критикваат власта зошто навреме не го сменила името што го  прифати во Нивице, Преспа на 18 јуни 2018 година.

            Да го говореше  ова екс лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев немаше воопшто да се чудам, бидејќи човекот согласно неговото  презиме, Заев, беше склон да дава “зајачки изјави “ и да ветува нешто што знаеше дека нема никогаш да го исполни.

            Имено познати се неговите изјави дека тој додека дише и е премиер на државата никогаш нема да го смени уставното име Република Македонија.         Но кога Заев успеа со помош на “осумината “пратеници на ВМРО ДПМНЕ да го смени името на државата и во Парламентот со двотретинско мнозинство да ја преименува неа во Република Северна Македонија, малку кој помислуваше дека сега Мицковски ќе ја обвинува сегашната власт дека не направила ништо навреме да го промени името во кое тој и најголемиот број негови  партиски приврзаници се колнеа.

            Да биди иронијата уште поголема ВМРО ДПМНЕ и Мицковски  сега бараат од јавниот обвинител на Република Македонија да ги преземе сите законски мерки кои му се на располагање и да ги санкционира виновниците.Иако Мицковски е свесен дека по 12 февруари за нас и меѓународната заедница постои само една држава Република Северна Македонија, тоја бара  обвинителот на Република Македонија, земја која не постои да ги санкционира виновниците.

            Тој дури и во јавниот повик на партијата за кандидати за претседател на државата објави дека заинтересираните кандидати треба да кнкурираат за претседател на Република Македонија, земја која од 12 февруари фирмално-правно  не постои и за нас и за светот.

            Искрен да бидам со овој текст не сакам воопшто никој  да амнестирам  од одговорноста за тоа што си седеа на ушите и не преземаа мерки кои им беа на располагање за смена на личните документи на граѓаните на што се согласија во Нивице, Преспа, по потпишувањето на Меѓународниот договор со Грција за решавање на спорот со името.

            Поради нивнте недоквакани и искрено речено неискрени политики, ги оставија илајдници граѓани на Македонија без лични документи и како што вели Мицковски заробеници во сопствената држава,или како што изјави деновиве еден граѓанин во државен притвор.

            Но мислам дека во изразувањето критики кон власта барем Мицковски и неговите сопартијци треба да имаат што би рекле старите маллку  намуз и да се воздржат од непримерни критики, бидејќи токму тие тврдеа дека  никогаш на овие простори нема да заживее Република Северна Македонија.

            Од осамостојувањето на оваа држава граѓаните на Република Македoнија постојано беа лагани.

            Најпрво дека привременото име ФИРОМ ќе трае само два месеци, подоцна дека нема многу да векува ни името  кое беше користено во преговорите со Грција, како Втора страна, па никогаш на овие прстори нема да заживее ни сегашното име Република Северна Македонија.

            Но тоа што боли е што македонските власти со своите поданички политики ништо не прават да ја (раз)убедат Грција и меѓународната заедница дека Грција ништо не прави да ги  спроведе обврските што го има прифатено од Договорот во Преспа, и ги избегнува да ги  ратификува трите Меморандуми од истиот договор, за што деновиве потврда дојде и  од пратениците  во грчкиот парламент   на  СИРИЗА, кои прашуваа зошто грчката страна одбива да ги ратификува трите меморандума со Македонија, во рамките на Договорот од Преспа.
       Поранешниот грчки премиер и поранешен лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, своевремено  прозивајки го  грчкиот премиер Мицотакис изјави дека ако Грција не го спроведува договореното, тогаш и Македонија нема обврска да се придржува до потпишаното во Нивице”!

Но кога станува збор за нашите политичари, тие  како Втора страна изгледа  имаат  уплав да го прашаат нашиот јужен сосед што станува со обврските на Грција превземени со потпишувањето на Догворот од Нивице и кога тие ќе почнат истите да ги извршуваат.

На крајот мислам дека не треба да се биде премногу паметен и политички писмен за да се свати дека при секои разговори и прговори треба да се мисли и размислува  пред да се стави параф на тоа што ќе  стои во документот, зашто потоа се е бадијала и тоа што ќе се потпише мора да се исполнува.

Барем таквите правила важат во секојдневниот живот на приватните лица.

Но очигледно македонските политичари страдаат од деменција  и често пати забораваат на тоа што го испреговарале или потпишале во името на народот и за народот, кој на крајот ја плаќа цената на таквите непромислени разговори и договори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*