Андреј Жерновски, актуелниот градоначалник на Општина Центар, реши да се кандидира како независен кандидат и да не ја чека одлуката на СДСМ која може да биде и во корист на неговата кандидатура.
Тој денес ги собрал законски потребните потписи на избирачи за повторно да се кандидира за прв човек на оваа скопска општина.
Според последните анкети на јавното мислење, Жерновски има поддршка од повеќе од 50 отсто од избирачите и неговиот рејтинг е повеќе од двојно повисок од рејтинзите на потенцијалните противкандидати.
Независните кандидати имаат рок до понеделник да поднесат потписи за кандидатура.
СДСМ сѐ уште не се изјасни кој ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Центар но се шпекулира дека тоа би можел да биде Саша Богдановиќ, претседател на СДСМ од Општина Центар.