Home / Uncategorized / На реферндумот за бегалците и СДСМ ќе гласа против изградба на кампови

На реферндумот за бегалците и СДСМ ќе гласа против изградба на кампови

Референдумите во некои општини против изградба на кампови и станови за бегалнци планирани за денот на локалните избори се класична политичка манипулација на ВМРО-ДПМНЕ пред денот на гласањето за локалната власт, изјави денеска Зоран Заев, претседател на СДСМ. Тој вели дека ако такви референдуми во некои општини сепак се одржат, тогаш, на тие на тие граѓански изјаснувања ќе гласаат и членовите и симпатизерите на СДСМ и ќе се докаже дека ние никогаш и не сме биле за изградба на кампови и станови за бегалци.

„Македонија не е толку добра и атрактивна земја за бегалците. Дај Боже да е така, па тие да сакаат да останат. Ова е политичка манипулација од нашиот политички опонент кој сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори. Исплашени дека ќе ги загубат изборите, тие ова го прават за да ги загубат и општините. Ако навистина имаат намера оваа мерка да ја спроведат преку мнозинството што го имаат по советите на општините и да спроведат референдуми за забрана на отворање на кампови, тогаш, за да биде баналноста на оваа политика доведена до апсурдност, и СДСМ ќе гласа за референдумот. И што праиме после“, изјави денеска Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*