Don't Miss
Home / Култура / Жулиет Бинош беше емотивна при врачувањето на наградата на “Браќа Манаки“

Жулиет Бинош беше емотивна при врачувањето на наградата на “Браќа Манаки“

Светски познатата актерка и оскаровка Жулиет Бинош се расплака по врачувањето на наградата Златна камера 300 за особен продонес во светската филмска уметност , кога претседателот на државата Ѓорге Иванов му ја врачи статуетката.
Таа пред присутните ја посочи огромната улога која ја имаат кинематограферите при снимањето филмови.
-Нашите кинематографери не беа многу зборлести вечерва па затоа јас ќе бидам зборлеста во нивно име. Знаете како е на филмови, режисерите не водат, но првата врска меѓу нас како актери и оние кои не гледаат, публиката, оние кои ги гледаат нашите лица се токму кинематограферите. Како актери мора да презентираме нешто посебно инаку не би ја имале таа работа и често кога ќе завршиме со некоја сцена, првиот поглед го упатуваме токму на кинематограферите, тие се оние кои ни ја даваат првата реакција, токму од нив зависат многу нешта на филмот. Многу им се воодушевувам, навистина се најдобри, прават се што можат и некогаш од многу работа немаат време да одат во тоалет. Многу им се восхитувам бидејќи секогаш се одговорни, секогаш брзаат на снимање, и знаат да “украдат“ време кога некои од асистентите немаат мерки.Морам да истакнам дека се многу важни, бидејќи изборите што ги прават влијаат на тоа како ќе заврши филмот и мора да најдат посебен филмски јазик кој мора да се разликува од сите други филмови. Иако често ги забораваат кога се доделуваат награди или се прават интервјуа, би сакала да потенцирам дека кинематограферите се многу важни и многу им се восхитувам- истакна оскаровката и светска филмска дива Жулиет Бинош на филмскиот фестивал во Битола.

Таа уште и додаде дека сака да снима филмови бидејќи преку нив ја дознава вистината, допира до вистината.

– Ако некој ме праша зошто снимаш филмови, одговорам дека не го правам тоа само заради прекрасните улоги и режисери и кинематографери кои ги запознавам, не го правам тоа заради прекрасните улоги кои ги добивам и начинот и можноста да се изразам себеси туку на тој начин влегувам во потрага по вистината, имам можност да ја допрам и да најдам одредена вистина- рече Бинош која блесна во креација на светскиот дизајнер “Живанши“ на Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки“ во Битола.

В.М.Мл

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*