Don't Miss
Home / Uncategorized / Зоран Заев од Битола: Правда во Македонија има и ќе има

Зоран Заев од Битола: Правда во Македонија има и ќе има


          Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев од вечерашниот завршен митинг од Битола испрати три пораки.

          Првата порака е дека режим во Македонија повеќе никогаш нема да има ниту пак ќе се врати.

          Што се однесува до пораките кои против кандидатката Гордана Силјановска – Давкова постојано ги испрака до граѓаните дека  требало да има правда во државата, правда има и ќе има. Но не како што таа ја замислува правдата да го аболира Никола Груевски.

          Третата порака која ја испрати Заев од Битола е битолчани в недела масовно да излезат на гласачките места и да го дадат својот глас за Стево Пендаровски.

          -Сите оние кои во првиот круг не излегоа на гласање и сметаа дека и без нив ќе се избере претседател,или ни се лути за некои наши пропусти овој пат мора масовно да излезат и да го дадат својот глас, бидејќи се работи за иднината на државата.

          Патот по кој одиме на кој имаше препреки, дупки и на кој се сопнувавме паѓавме, но и станувавме нема алтернатива. Друга алтернатива нема. Ако има нека ја кажат и  по неа да дискутираме, рече премиерот Зоран Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*