.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / 1,5 милиони денари за соблекувалните на Пелистер

1,5 милиони денари за соблекувалните на Пелистер

Општината Битола ќе извдои 1.500.000 денари за доизгрдаба на соблекувалните на Пелистер во потрибинскиот дел на Јужната трибина.

По барање на фудбалскиот клуб Пелистер да се (до)изградат соблекувалните на стадионот за да може Пелистер без проблеми да ги игра натпреварите на свој терен, до советницте  на  општината е доставена предлог одлука, со која се предвидуваат средства во висина од 1.500.000 денари за доизградба на соблекувалните.

Инаку поради  немањето  на соблекувални, откако беше срушена трибината на стадионот под Тумбекафе, фудбалерите на Пелистер не можеа да ги играт натпреварите на свој терен. Таквата забрана  во голема мера негативно се одрази врз резултатите на битолскиот прволигаш кој мораше натпреварите како домаќин да ги игра на туѓ терен.

Долго време општината Битола одбиваше да вложи свои пари за изградба  на соблекувалните. Но подоцна се предомисли и почна со нивно реновирање, за да по извесно време работите повторно да застанат.

Сега се очекува, со овие 1.500.000 денари соблекувалните дефинитивно да се (до)изградат со што ќе се создадат услови Пелистер да може да ги игра натпреварите во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*