Don't Miss
Home / Uncategorized / Градежна експанзија во Златниот рид

Градежна експанзија во Златниот рид

Поранешната битолска касарна, денес веќе новата населба Златен рид во следните четири години ќе доживее градежна експанзија.

Овде ќе продолжиме да создаваме услови за нови колективни и индивидуални градежни инвестиции кои индиректно ќе значат раздвижување на  економијата на целата Општина Битола.

Ќе изградиме и асфалтираме уште три нови улици, а ќе биде изградена и атмосферска канализација за 13 улици, во вкупна вредност од 53.000.000 денари.

За блоковите АРМ 1 и АРМ 2 предвидуваме и изградба на нова нисконапонска кабловска мрежа и улично осветлување во вредност од 7.350.000 денари.

Урбанистичкото планирање е важно за раздвижување на градежниот сектор.

Во мојот мандат предвидувам и донесување на Генерален урбанистички план, како основен и клучен документ во натамошниот урбанистички развој на  Битола,изјави Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “ За подобра Македонија“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*