Според информациајата од Општина Битола утре, (сабота), 15 декември, со почеток во 11 часот ќе биде свечено пуштена во употреба градинката во с. Кравари, во присуство на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалничката Наташа Петровска.
Градинката е лоцирана на ул. „Спасе Ристевски“, наспроти црквата во с. Кравари.